|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Светски авантурист го промовира македонскиот туризам
|
|
|
|
Светски авантурист го промовира македонскиот туризам |
|
|
|
26.06.2006. |
|
Во организација на „Експлоринг Маседониа“ , националниот портал за туризам, во саботата во земјава допатува Ричард Бангс , човекот кој се вбројува меѓу најпознатите светски авантуристи и кој има издадено 13 книги за авантуристичките патувања и публикувано над 500 новински текста. Тој е еден од врвните познавачи на Земјината топка, кој трага по нејзините скриени катчиња и истите ги презентира на широката јавност. Во Македонија тој ќе биде придружуван од новинар од Би-би-си травел .
Цел на нивната посета е снимање на петдневна авантура во нашата земја што ќе биде презентирана на Јаху (Yahoo) - една од светски најпосетените интернет-страници, со 420 милиони посетители месечно.
Македонија ќе биде седмата земја чии авантури и природни убавини се презентирани на овој начин.
Екипата ќе помине низ неколку региони: Охрид, Маврово, Галичник, Кокино, Кратово, Цоцев Камен, Скопје, Матка (пештери), Битола, Хераклеја, Прилеп, Пелагонија, Маркови кули, Струмица и Смоларски водопади.
Извор: Дневник
(5234 hits/посети) |
|