|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Анализа на сајтовите на претседателски кандидати, верзија 1.0
|
|
|
|
Анализа на сајтовите на претседателски кандидати, верзија 1.0 |
|
|
|
2.04.2004. |
|
Анализа на Метаморфозис на техничките аспекти на сајтовите на двајца кандидати за претседател на Република Македонија.
Веб-сајтови на претседателски кандидати, состојба од 2 април 2004 година, 14:14 часот. Доколку другите кандидати објават веб-презентации, ќе биде бидат вклучени во анализите.
| Кандидат |
Бранко Црвенковски |
Сашко Кедев |
| Адреса |
www.drzavnik.org.mk |
www.kedev.com.mk |
| Анализа на адресата |
Употребена е нестандардна транслитерација на македонскиот јазик со англиска латиница. По правило1 буквата „ж“ би требало да биде запишана со „zh“, а адресата да биде www.drzhavnik.org.mk. |
Избран е .com.mk домен, кој по правило се однесува на комерцијални фирми. Вообичаен домен за политички субјекти е .org.mk, па адресата би требало да биде www.kedev.org.mk. |
| Софтверско решение |
„WebBuilder“ (веб билдер) |
„PHP Nuke“ (пи-ејџ-пи или пхп нјук) |
| Платформа |
Виндоуз („Microsoft-IIS/6.0“ сервер на ОС „Windows Server 2003“) |
Јуникс („Apache“ сервер на ОС „FreeBSD“) |
| Тип на лиценца |
Комерцијален производ. |
Слободен софтвер (ГНУ/ГПЛ). |
| Лекториран2 |
Не. |
Не. |
| Употреба на „и“ со цртичка, „е“ со цртичка, „о“ со капа3 |
Нема. |
Нема. |
| Англиска верзија |
Нема. |
Нема. |
| Албанска верзија |
Нема. |
Нема. |
| Анкета „За кого ќе гласате“ |
Наведени се четирите официјални кандидати. |
Наведени се четирите официјални кандидати, и опциите „не сум одлучил“ и „нема да гласам“. |
| Јавна имејл адреса за контакт |
Нема |
Нема |
| Можности за контакт/интеракција |
Веб-страни со формулари („контакт“, „поставете прашање“, „книга на поддршка“) |
Веб страна со формулари („контакт“) и можност за коментирање на секој напис. |
| Модерирање на реакциите на посетителите |
Превентивно: коментарите прво се читаат, филтрираат, па потоа евентуално се објавуваат. |
Пост-фестум: коментарите прво се објавуваат, а потоа евентуално се бришат/прават невидливи. |
| Мејлинг листа |
Има. |
Нема. |
| Мултимедија: фотографии |
Има. |
Нема. |
| Мултимедија: аудио |
Има (кампањска песна). |
Има (кампањска песна, спотови). |
| Мултимедија: видео |
Има (спотови). |
Нема. |
| Вести за поминати настани |
Има. |
Има. |
| Најави на идни настани |
Има. |
Нема. |
Забелешки:
- Според стандардот за користење на англиска латиница при модемско комуницирање на македонски јазик усвоен во текот на деведесеттите години и прифатен од најголем број на корисниците македонските ББС-и, стручњаци по Интернет и совесни преведувачи на англиски јазик. Верзијата за транслитерација која ја предлагаат авторите на Правописот (1998 г.) буквата „h“ ја заменува со „j“ (drzjavnik), но таа е сосем несоодветна за читање од страна на англиски говорители.
- Според Законот за употребата на македонскиот јазик, секој јавно објавен текст мора да биде лекториран од соодветно образовано и овластено лице (лектор), а лекторот да биде потпишан во изданието.
- Букви од македонската азбука кои не ги поддржува кириличната кодна табела на Мајкрософт.
(3200 hits/посети) |
|