Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Уганда има веб-сајт, Македонија не
Уганда има веб-сајт, Македонија не Испечати Е-пошта
28.06.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Македонија е единствената земја што се рекламира на глобалната тв-мрежа Си-ен-ен без да поседува веб-сајт што би бил поврзан со промотивната кампања и би им овозможил на странските туристи преку интернет да се информираат за туристичката понуда во земјава.

Странците што на интернет-пребарувачот ќе ги впишат уставните имиња на другите земји што се промовираа на Си-ен-ен, како на пример croatia.com , montenegro.com , turkey.com , имаат едноставен пристап до безброј информации за овие земји. Почнувајќи од целокупна туристичка понуда до временската прогноза.
 
Познавачите сметаат дека на рекламата што ја промовира Македонија и недостига веб-сајт што ќе нуди информации за хотелите, превозот, трошоците и се што е поврзано со патување и престој во земјава.

Филип Стојановски, експерт за интернет од фондацијата „Метаморфозис“ , смета дека е неопходно со рекламата за промоција на Македонија да оди веб-сајт што ќе нуди информации за нашата држава (како што тоа го прават Црна Гора и Хрватска, со веб-сајтовите www.visit-montenegro.org, односно www.croatia.hr).
 
- Голем хендикеп е тоа што на рекламата нема веб-сајт со кој на заинтересираните лица на едноставен начин ќе им се понудат потребните туристички информации и услуги, како резервации и купување билети. Дури и некој да се заинтересира и да почне да пребарува за Македонија преку „Гугл“ , има поголеми шанси да најде странски сајтови со вести од 2001 година или негативна пропаганда од соседството, отколку соодветни македонски сајтови - вели Стојановски.
 
Посебен веб-сајт за промоција на туристичката понуда има и африканска Уганда и многу други земји во светот. Ако на најпознатиот интернет-пребарувач „Гугл“ впишете visit macedonia, прво се јавува сајт со причини зошто да не се посети Македонија. Единствен сајт на кој има информации за туризмот во Македонија е exploringmacedonia.com, кој најчесто тешко се отвора и има застарени информации.

„Време“ веќе пишуваше дека домените со името Македонија на интернет најчесто ги користат организации и индивидуалци од странски земји, а најмногу од Грција. Така што доменот што го носи нашето уставно име www.republicofmacedonia.com е во сопственост на извесна компанија „Вебсајт брокерс лимитед“ од Британија. Доменот macedonia.com веќе десет години е во сопственост на грчката непрофитна организација „Панмакедонска мрежа“, која на сајтот пласира информации за грчкиот карактер на македонската историја и култура, како и за туризмот во Грција. Промотивниот ТВ-спот за Македонија почна да се емитува овој месец, откако беше потпишан договор меѓу Македонската банка за обнова и развој и Си-ен-ен.

Владимир Николовски
Извор: Време, 26.06.2006.


(4711 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]