Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВестиЕДРИ ЕУ предлага стандарди за пристап во јавните набавки
ЕУ предлага стандарди за пристап во јавните набавки
На министерски состанок одржан во Рига на 12 јуни 2006г. министрите од европските земји потпишаа декларација за намалување на јазот во употребата на интернет за групи со ризик од исклучување, но исто така и зголемување на покриеноста со широкопојасен интернет.
Министерската Декларација од Рига ја потпишаа министри од 34 европски земји-членки, земји-кандидати и земји-членки на ЕФТА/ЕЕА. Декларацијата ја илустрира определбата на земјите за акцискиот план „Интернет за сите“ кој треба да овозможи пристап до интернет за маргинализираните групи.
Еден од заклучоците на состанокот беше неопходноста да се процени потребата од законски мерки во полето на е-пристапноста и да се земат предвид потребите за пристапност при прегледот на законската рамка за електронски комуникации што започнува во јуни 2006 година. Друг предлог беше да се дадат препораки, до 2007 година, за стандардите за пристапност и заеднички пристап, кои би можеле да станат задолжителни при јавните набавки до 2010 година.
Податоците од Европската комисија покажуваат дека само околу 3% од веб-сајтовите целосно ги исполнуваат минималните стандарди за веб-пристапност – реален проблем за 15% од европското население со посебни потреби. Според неодамнешното истражување на Комисијата за права на лицата со посебни потреби 81% од веб-сајтовите во Велика Британија се недостапни за лица со посебни потреби.
Исто така, министрите во Рига ја подржаа намерата на Европската комисија да подготви компонента за дигитална економија на возобновената Лисабонска агенда на ЕУ за работни места и развој за европската иницијатива за е-вклучување најавена за 2008 година во стратегијата „i2010”.