Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ЕДРИ arrow Европската комисија го поддржува својот предлог за емитување
Европската комисија го поддржува својот предлог за емитување Испечати Е-пошта
30.06.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
За време на настанот одржан на 14 јуни во Брисел во организација на Асоцијацијата за рангирање содржина на интернет, европскиот комесар за информатичко општество и медиуми ја повтори својата позиција изразувајќи поддршка на предлогот на Европската комисија за ревидирање на Директивата за телевизија без граници.

- Нема да има никакво регулирање на интернетот – изјави г-ѓа Рединг за британскиот ЗДНет, додавајќи дека проширувањето на Директивата треба да обезбеди основни правила за заштита на малцинствата он-лајн и да спречи поттикнување омраза и пречесто рекламирање.

Исто така, комесарката изјави дека предложените одредби се само основни правила и саморегулирањето може подобро да биде поддржано со законска рамка. Владата би интервенирала само ако саморегулирањето не функционира.

Додека комесарката смета дека Директивата ќе биде корисна за деловниот интернет , индустријата и интернет-заедницата изразуваат загриженост дека Директивата ќе води во регулирање на содржината на интернет.

Конфедерацијата на Британската индустрија смета дека Директивата ќе го „загуши економскиот развој, ќе го намали отворањето работни места и ќе го спречи развојот на дигитална содржина и услуги низ ЕУ.“ други претставници на индустријата, како што е Мајкрософт, Гугл или Веризон изразија загриженост околу обемот на законодавството и проблемот со надлежност и спроведување. Тие сметаат дека постоечкото законодавство е доволно и е успешно во заштитата на децата и клиентите и дека саморегулирањето е вистинското решение.

Професорот Мајкл Ротерт, претседател на Асоцијацијата на европските провајдери на интернет услуги смета дека Директивата е регулирање на интернетот на „мала врата“ и изјавува:
- Штом ќе се воведе регулираното саморегулирање ќе биде веднаш злоупотребено.

Европа ги брани плановите за он-лајн емитување (15.06.2006)

ЧПП: ЕК предлага модернизација на Директивата телевизија без граници (22.05.2006)

ЕДРИ-грам Критики за Нацрт-алтернативата за аудио-визуелните сервиси (24.05.2006)
(4756 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]