|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Формулари преку интернет
|
|
|
|
Формулари преку интернет |
|
|
|
6.07.2006. |
|
Град Скопје го активира својот нов веб-сајт www.e-skopje.gov.mk , од кој граѓаните ќе можат да ги преземат потребните формулари и да ги пополнат дома, пред да отидат на некој од шалтерите.
На веб-сајтот има податоци за организацијата на градската администрација, за секторите и одделенијата, телефонски броеви и сервиси што Градот им ги нуди на граѓаните.
Изработката на новиот веб-сајт на Градот ја помогнаа грчката организација ЈАСОН и Министерството за надворешни работи на Грција.
- Освен овој веб-сајт, нашата организација донираше 20 компјутери и 6 печатачи за секторот финансии во градската администрација. Наскоро ќе организираме две тренинг-работилници за информатичка технологија и финансиско работење - рече претставник на ЈАСОН.
Освен новиот, функционира и стариот веб-сајт на Градот, www.skopje.gov.mk .
А.О
Извор: Дневник
(4670 hits/посети) |
|