Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Македонски информатичари се натпреваруваат со најдобрите балкански компјутерџии
Македонски информатичари се натпреваруваат со најдобрите балкански компјутерџии Испечати Е-пошта
6.07.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Македонски средношколци се натпреваруваат за титулата најдобар информатичар на Балканската олимпијада по информатика , што деновиве се одржува во Никозија, Република Кипар. Победниците ќе се знаат в петок, кога и официјално завршуваат натпреварите.

Боите на Македонија ги бранат средношколците Димитар Мишев од штипската гимназија „Славчо Стојменски“, велешанецот Ален Стојанов од ДСУ „Кочо Рацин“, како и скопјаните Бојан Костадинов од ДСУ „Георги Димитров“ и Илија Лалковски и Стефан Трајковски, ученици во ДСУ „Раде Јовчевски-Корчагин“. Тие ќе ги покажат своите знаења и вештини во програмирање на три јазици: „Паскал“ (Pascal), „Цe“ (C) и „Цe плус плус“ (C++) и ќе се обидат да ги победат тимовите на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Турција, Србија, Црна Гора,како и од земјата-домаќин. Натпреварите се одржуваат во Кипарскиот колеџ и во хотелот „Европа“, што се наоѓа во срцето на Никозија.

Македонскиот тим информатичари ги предводат м-р Методија Јанчевски од Институтот за информатика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и претседател на Здружението на информатичарите на Македонија и Миле Јованов. На ланската, 13-та Балканска олимпијада што се одржа во Родос, Грција, бронзата на Македонија и' ја донесе штипјанецот Никола Постолов.

Најзаслужни за учеството, но и за големите успеси на македонските млади компјутерџии како на БОИ така и на Светската олимпијада по информатика е Здружението на информатичарите на Македонија, што ги организира националните натпревари по информатика во средните училишта во земјава.

Меѓу успесите на македонските информатичари се 7 бронзени и 2 сребрени медали на БОИ како и 6 бронзени и 2 сребрени медали на интернационалните олимпијади. Во 2000 година Балканската олимпијада по информатика се одржа во Охрид.

Борис Трајковски личност број 1 на македонската информатика

Членовите на Здружението на информатичарите на Македонија го прогласиле поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, за најзаслужна личност за развој и афирмација на информатиката во нашата земја. Меѓу заслугите на покојниот претседател, информатичарите ги наведуваат проектот „е-Македонија“ и соработката со претставниците на ИТ-компаниите во земјава. Инаку, ова здружение се залага и за воведување на предметот информатика во сите степени на образованието, а е против импровизации со воведување нов предмет информатичко и техничко образование, кое треба да го предаваат наставници по техничко образование обучени со курс од 20-тина часа.

(Д.Ј.)
Извор: Дневник

(4719 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]