Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow „Некстсенс“ доби награда од „Мајкрософт“ за www.uslugi.gov.mk
„Некстсенс“ доби награда од „Мајкрософт“ за www.uslugi.gov.mk Испечати Е-пошта
7.07.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Македонската компанија „Некстсенс“ е добитник на престижно признание од водечката светска софтверска корпорација „Мајкрософт“ за порталот www.uslugi.gov.mk . „Мајкрософт“ секоја година избира најдобри решенија кои ги реализираат нејзините над 150 илјади партнери во светот, а наградата се доделува на фирмата „чие решение овозможило највисок квалитет на услуга кон корисник, со исклучителна експертиза, а тоа влијаело на зголемување на задоволството и ги надминало очекувањата на корисникот“.

- Наградата ја добивме во категоријата ’Customer experience’ и за нас претставува исклучително признание - изјави на прес-конференција директорот на „Некстсенс“, Васко Кроневски. „Некстсенс“ наградата ќе ја прими на свечената церемонија која ќе се одржи на годинешнава партнерска конференција на „Мајкрософт“ на 12 јули во Бостон (САД). Во реализација на порталот www.uslugi.gov.mk, како што објасни Кроневски, учествувале практично сите триесетина вработени во фирмата. - Наградата е поттик за натамошната работа, но и можност да го прошириме бизнисот во регионот -  истакна Кроневски.

Директорот на „Мајкрософт Македонија“ , Илијанчо Гаговски, смета дека наградата е дотолку позначајна ако се има предвид конкуренцијата и фактот дека добитници се дваесетина фирми во 20 категории.

- Oваа награда може да значи пресврт за македонските ИТ-фирми кои досега ги збирно ги опишувавме како сектор, но според нивното значење веќе станува збор за ИТ-индустрија која може да го повлече развојот на економијата во земјава - истакна Гаговски.    

М.Ј.
Извор: Утрински весник

(4653 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]