Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
Издадена книга за „Човековите права во глобалното информатичко општество“ Испечати Е-пошта
7.07.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 23 јуни 2006 г. во Копенхаген беше претставена нова книга за „Човековите права во глобалното информатичко општество“ од Рике Френк Јоргенсен (член на Одборот на ЕДРИ од страна на Дигитални права Данска).

Во книгата неколку професори, активисти за човекови права и експерти ги проучуваат врските меѓу информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) и човековите права, проучувајќи ги начините на кои информатичкото општество може или да ги унапреди или да ги загрози човековите права во светот. Ова опфаќа прашања како што се слобода на изразување, пристап до информации, приватност, дискриминација. Слобода на собири, политичко учество, рамноправност меѓу половите, малцински права и интелектуална сопственост. Книгата беше создадена за време на процесот на Светскиот самит за информатичко општество (2003-2005) и воведот проучува како човековите права се третирани во рамките на овој глобален процес на ИКТ политика.

По презентација на книгата, Гус Хосеин, претставник на Прајваси интернешнал/ЛСЕ (Privacy International / LSE) и автор на поглавјето за приватност во книгата одржа воведен говор на тема „Приватност, тероризам и новата агенда за безбедност“.

Во неговата презентација Хосеин користејќи тековни примери опиша како правото на приватност се прекршува, не само во Европа, и како динамиката на политиката на „новата агенда за безбедност“ се протега надвор од границите на тероризмот во други делови од нашиот секојдневен живот. Исто така, тој се осврна и на интимната врска меѓу приватноста и другите човекови права, како што се слободата на изразувањето и слободата на собири и ја нагласи потребата за поголема синхронизиција на акциите на граѓанското општество во Европа во врска со ова прашање.

Човековите права во глобалното информатичко општество

Дански институт за човекови права

Дигитални права Данска

Данска мрежа на ССИО


(5931 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]