Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Македонија со највисоки телефонски цени
Македонија со највисоки телефонски цени Испечати Е-пошта
10.07.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Со еден фиксен оператор и со уште неколку компании што нудат телекомуникациски услуги, Македонија е буквално на дното на листата на европски земји според бројот на операторите за јавни телефонски услуги. Најмногу има во Германија или 437, во Шпанија 293, а во Франција 222 оператори. Податоците за телекомуникацискиот сектор во Европа ги објави Европската комисија во годишниот извештај за сите земји-членки на Унијата. Тие покажуваат дека граѓаните на Македонија, судејќи според животниот стандард, плаќаат екстремно високи телефонски сметки.

Точно 13 евроценти со вклучен ДДВ е просечната цена на локален триминутен разговор во земјите од Унијата. Многу повеќе од просекот плаќаат Белгијците, кои за три минути разговор даваат по 20,6 евроценти. За десетминутен локален разговор, пак, Европејците просечно плаќаат по 36 евроценти.

Национални разговори што траат три минути чинат 25 евроценти, а оние од 10 минути, околу 75 евроценти. Во Македонија локален импулс што трае една минута во нормална тарифа чини еден денар. Една минута национален разговор, пак, чини три денари.

Угледната британска компанија „Колин интернационал“ минатиот месец потврди дека Македонија е убедливо на европскиот врв според скапа телефонија. И нивната анализа покажа дека македонските граѓани плаќаат месечна претплата за телефон исто како и Европејците. Според „Колин интернационал“, во меѓународните разговори Македонија е под просекот на Европа, но далеку поскапа од Србија и Црна Гора, Хрватска и Босна.

Земјава е на дното и по искористеноста на интернетот, услуга што според анализите се уште „држи“ висока цена.

А.К.М.
Извор: Време

(4654 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]