|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Бронза за информатичарот Димитар Мишев од Штип
|
|
|
|
Бронза за информатичарот Димитар Мишев од Штип |
|
|
|
13.07.2006. |
Димитар Мишев, ученик од државното средно училиште „Славчо Стојменски“ од Штип, освои бронзен медал на 14. Балканска олимпијада по информатика , која неодамна заврши во Никозија, Кипар.
Освен Мишев, во составот на македонската селекција беа и средношколците од Скопје, Бојан Костадинов од „Георги Димитров“, Стефан Трајковски и Илија Лалковски од „Раде Јовчевски - Корчагин“ и Ален Стојанов од „Кочо Рацин“ од Велес. Нив ги предводеа Миле Јованов и Методија Јанчески од Институтот за информатика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, актуелен претседател на Здружението на информатичарите на Македонија.
На Балканијадата учествуваа репрезентациите на домаќинот Кипар, на Македонија, Бугарија, Романија, Србија и Црна Гора, Грција, Босна и Херцеговина, Молдавија и Албанија. Следното големо натпреварување што ја очекува нашата репрезентација е 18. Светска олимпијада по информатика, која ќе се одржи во периодот од 13 до 20 август годинава во Мерида, Мексико. Престојот на македонската репрезентација во Мексико е обезбеден од организаторот, но недостигаат пари за патувањето.
Од досегашните балкански олимпијади македонската репрезентација има осум бронзени и две сребрени медали, а на светските шест бронзени и две сребрени медали.
Извор: Дневник
(4841 hits/посети) |
|