|
По жалбата на еден германски граѓанин против покраината Хамбург за
начинот на кој властите можат да ги користат личните податоци и
серијата аргументи од Европскиот народен правобранител и Европскиот
контролор за заштита на податоците, Европската комисија одлучи повторно
да го разгледа своето толкување на Директивата за заштита на податоците
со цел да обезбеди посеопфатна заштита.
Во 2004 година
германскиот граѓанин до Комисијата поднесе жалба за прекршување против
покраината Хамбург. Во жалбата се вели дека властите го прекршуваат
Членот 14(1)(б) од Директивата на ЕУ за заштита на податоците кога
властите можат да им дадат лични податоци на фирми иако знаат дека
податоците ќе бидат искористени за директно рекламирање. Во првичниот
одговор на Комисијата се вели дека Директивата не ја регулира оваа
евентуалија. Таа само дава заштита властите да не ги употребуваат
личните податоци за свое директно рекламирање.
Европскиот
Народен правобранител интервенираше и започна истрага, консултирајќи го
и Европскиот контролор за заштита на податоци. Народниот правобранител
смета дека „Толкувањето на Комисијата на Членот 14(1)(б) ги исклучува
јавните власти и телата кои не прават „конкурентни јавно-правни
претпријатија“ (забелешки во точка 1.5 погоре) од кругот на
„контролори“, не земајќи ја предвид експлицитната забелешка за „власт“
во Член 2(г) од Директивата и наспроти фактот дека текстот на Членот
14(1)(б) не прави таква разлика.“ Затоа Народниот правобранител и
предложи на Комисијата да го ревидира своето толкување на Директивата.
Европската
комисија го прифати предлогот и „реши да спроведе нова правна анализа
на случајот и на нејзиното толкување на Членот 14(1)(б) од Директивата
за заштита на податоци во врска со аргументите наведени во жалбата и од
Народниот правобранител“. Исто така, Комисијата изјави дека ќе го
разгледа прашањето со земјите-членки со цел да се подобри националната
регулатива во сферата на заштитата на податоците.
Народниот правобранител предлага Комисијата да оди кон подобра заштита на податоците (26.06.2006)
Одлука на Европскиот Народен правобранител на жалбата 2467/2004/PB против Европската комисија (9.06.2006)
(6268 hits/посети) |