|
Шенген системот за информации 2 (ШСИ2) што ќе им овозможи на надлежните органи во земјите-членки да добијат информации за одредени категории луѓе и имот, а чиешто воведување беше предвидено за јуни 2006 г. ќе биде одложен, беше решено на состанокот на министри за внатрешни работи и министри за правда од земјите-членки на ЕУ во Брисел.
Причините наведени за одложувањето се во врска со правни и технички проблеми. Неколку европски комисии за заштита на податоци кои требаше да го одобрат ШСИ2 покажаа отпор кон системот сметајќи дека нема доволно информации за начинот на кој собраните информации ќе се користат од полицијата. Сé уште не е утврден степенот на пристап на полицијата до биометричките податоци вклучени во новите пасоши. Од техничка гледна точка, системот со бази на податоци, кој првенствено требаше да се основа во Стразбур од страна на Стериа Мумерт консалтинт (Steria Mummert Consulting) и ХП Белгија (HP Belgium), а сега преземен од Унисис (Unisys) и Мајкрософт (Microsoft) сé уште не е завршен бидејќи базите на податоци треба да ги содржат сите постојни и влезни податоци, што претставува многу тешка задача.
Интеграцијата на новите земји-членки на ЕУ во системот во 2007 г. повеќе не се смета за реална и дискусијата сега се води околу прашањето дали да се забрза системот или да се подготвува во фази.
Според мислењето на Бернард Марфурт, швајцарскиот амбасадор во ЕУ, развивањето на ШСИ2 во фази може да го направи истиот технички непотребен.
- ШСИ2, пред сé, мора да го следи техничкиот напредок - изјави тој.
Во првата фаза ова одложување значи дека во 2007 г. патниците сé уште ќе мораат да ги покажуваат своите пасоши на границите меѓу ЕУ и новите земји-членки, но, долгорочно гледано, исто така се очекуваат ефекти. Настани како што е Европското првенство во фудбал во 2008 година може да ги натера Швајцарија и Австрија да го заземат истиот став што го имаше Германија за време на последното Светско првенство во фудбал, повторно воведувајќи гранични контроли за време на настанот. Повторното воведување гранични контроли на границите на ЕУ во Германија главно беше насочено кон спречување потенцијални криминалци, особено насилни фудбалски навивачи, да влезат во земјата.
Шенген системот за информации 2 ќе биде одложен (26.07.2006)
Германија привремено ќе воведе гранични контроли за Светското првенство во фудбал (25.04.2006)
Шенген систем за информации
ЕДРИ-грам: Пратениците во Европскиот парламент сакаат поголема приватност во ШСИ2 (10.05.2006)
(4771 hits/посети) |