|
Според документ на ЕУ претставен во јули 2006 г. од страна на Стејтвоч (Statewatch), Работната група за визи на 13-14 јуни 2006 г. предложи поинаков пристап околу прашањето за воведување биометрика во националните лични карти.
Ова прашање наиде на отпор во февруари кога неколку членови на Европскиот совет искажаа двоумење, особено откако Белгија и Чешката Република ги оспорија мерките предложени од ЕУ без јавна дебата.
Во декември 2005 г. двете влади дадоа изјава со која го искажаа својот став според кој воведувањето биометрика во националните лични карти покрај техничкиот аспект опфаќа дискусии од областа на заштитата на приватниот живот, финансиски и организациски прашања.
Во извештајот од состанокот на Работната група за визи се вели дека Правната служба на Советот „... потврдила дека нема правна основа во Договорот со кој се регулираат овие прашања што може да биде вистински начин за напредок по ова прашање!“ што значи дека Советот нема правна моќ да наметне воведување биометрика во националните лични карти оставајќи им ја таа одлука на секоја земја-членка посебно.
Иако не се обврзувачки, заклучоците на Советот често даваат легитимитет на националните мерки, поплочувајќи го патот за „хармонизиран“ пристап кога доволен број земји-членки ги следат стандардите.
Биометриката и националните лични карти повторно на маса (07.2006)
Извештај од Работната група за визи/Мешовита комисија (13-14.06.2006)
Комисијата повторно ќе ги воведе биометричките лични карти?
(6207 hits/посети) |