|
Францускиот Уставен Совет заседаваше околу најконтроверзниот закон за авторски и сродни права, попознат како DADVSI закон, решавајќи дека некои одредби од законот „ја прекршуваат уставната заштита на сопственост“.
Советот одлучи дека се противуставни неколку одредби прифатени од францускиот Парламент кои требаше да го балансираат првичниот текст кој беше премногу во полза на индустријата, правејќи го законот уште построг.
Еден од аспектите кој Уставниот Совет го прогласи дека е против принципот на еднаквост беше постепениот систем на применување казни кои се движат од 38 до 150 евра за објавување дела на мрежи за делење датотеки. Во овој случај казните остануваат на ниво од тригодишна затворска казна и парична казна од 300.000 евра.
- Со отстранување на намалените казни Советот повторно ги стави обичните луѓе кои делат музика во ист кош со криминалците – изјави Жан Баптист Суфрон, правен директор на Association of Audionautes.
Можеби најстрогата одлука на Советот е поврзана со одредбите поврзани со интероперабилноста. Практично Советот реши дека владата не ја дефинирала интероперабилноста правилно и ја повлече истата од исклучоците за управување со дигиталните права.
Ова дефинитивно предизвика задоволство кај Епл (Apple). Доминик Менард, партнер во адвокатската фирма Ловелс (Lovells) и спецејалист од областа на авторските права изјави:
- Уставниот Совет ја нагласи фундаменталната заштита на интелектуалната сопственост на начин оддалечувајќи го ајТјунес (iTunes) од ризикот од францускиот закон.
Исто така, Советот промени некои од одредбите усвоени од францускиот Парламент овозможувајќи креаторите на софтвер за делење датотеки и софтвер со кој може да се стапи во контакт со содржина заштитена со управувањето со дигиталните права да бидат тужени од носителите на авторски права, дури и ако „софтверот не е наменет за содржина која не е заштитена со авторски права“.
Законот, кој сега е построг од неговата првична верзија, ќе биде или изгласан и потоа објавен во Службен весник по што ќе стапи на сила или ќе биде повторно вратен во Парламентот на дополнително расправа.
DADVSI: Уставниот Совет го направи законот уште построг! (27.07.2006)
Законот DADVSI одобрен и направен построг од Уставниот Совет (27.07.2006)
ЕДРИ-грам: Новиот француски закон за авторски права по мерка на Епл (5.06.2006)
Делови од францускиот закон за ајПод (iPod law) прогласени за противуставни (29.07.2006)
(5809 hits/посети) |