|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Компјутерско описменување за сите од 18 до 60 години
|
|
|
|
Компјутерско описменување за сите од 18 до 60 години |
|
|
|
23.08.2006. |
Масовна обука за работа на компјутер за сите граѓани од 18 до 60 години без разлика на нивните квалификации и воведување задолжителен предмет информатика во основното образование е само дел од предизборните ветувања во програмата на новата влада што се однесуваа на забрзан развој на информатичкото општество во Македонија. Во новата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека извесно е формирањето на министерство за информатичко општество што ќе биде носител на програмата за забрзана информатизација на Македонија. Сепак, за реализација на оваа идеја потребна е поддршка и од опозицијата.
Влатко Чингоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека ќе се бараат измени во Законот за Влада за да се формира министерство за информатичко општество. Тоа ќе биде една од првите иницијативи предвидена во програмата на партијата.
- Основна цел на оваа идеја е да се забрза информатичкиот развој и на тој начин Македонија да доживее квантитативен скок во примената на информатичките технологии на ниво на развиените земји. Идејата е да се зголеми бројот на информатичките образовани стручни кадри во сите дејности бидејќи без познавање од оваа област, Македонија не може да оди напред. Поради тоа, сметам дека сите политички партии треба да ја прифатат идејата за формирање Министерство за информатичко општество. Причина повеќе за реализација на оваа идеја е што со формирање на ова министерство нема да се оптовари буџетот бидејќи во него ќе се вработат мал број нови лица, а ќе се преземат и извесен број лица, ИТ-кадри што веќе работат во Министерството за транспорт и врски и во другите министерства - вели Чингоски.
Во програмата на Владата, се предвидуваат низа мерки за зголемување на примената на информатичката технологија и за развој на е-општество. Се предвидува и набавка на 50.000 компјутери од кои дел бесплатно ќе се доделат во училиштата, а дел по многу поволни услови и набавна цена ќе им се отстапат на македонските граѓани. Се најавува финансиска поддршка на образованието на 5.000 информатичари, како и месечни стипендии од по 5.000 денари за најдобрите студенти. Во програмата се предвидува и бесплатен пристап до интернет за сите граѓани во Македонија во период од 6 до 12 месеци, информатизација во здравството, царината, јавната администрација. Рокот за формирање министерство за информатичко општество е до крајот на 2006 година.
За прв човек на министерството веќе се споменуваа името на Иво Ивановски, досегашен советник за ИТ на мандаторот Никола Груевски, инаку битолчанец што работи како менаџер на ИТ-одделот во „Пласколит инк“ , една од најголемите фабрики за пластика во Охајо, САД.
Владимир Николоски
Извор: Време
(6262 hits/посети) |
|