Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Вашингтон Пост ги промовира блогерите
Вашингтон Пост ги промовира блогерите Испечати Е-пошта
25.08.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Веб-изданието на Вашингтон Пост им нуди прилика на блогерите да ги промовираат своите блогови, а притоа и да заработат. Имено, новата програма на веб-изданието на весникот, Спонзориран блогрол (Sponsored Blogroll), им овозможува на блогерите да почувствуваат како е да се блогира на веб-сајтот на Вашингтон Пост којшто има околу 8 милиони посетители месечно.

Спонзорираниот блогрол всушност претставува повик за партнерство меѓу весникот, блогерите и бизнис-заедницата што бара рекламен простор. Рекламните агенции и заинтересираните компании можат да откупат рекламен простор на блоговите, а блогерите и весникот ги делат парите од продажбата. Исто така, блогерите добиваат и ротирачки линкови до нивните блогови коишто се објавуваат на насловната страна на веб-сајтот на Вашингтон пост.

Вашингтон Пост главно е заинтересиран за блогови кои третираат теми поврзани со технологија, бизнис, автомобили и патување, но примаат пријави за блогови на сите теми.

Блогерите можат да ги пријавуваат своите блогови на линкот до Спонзорираниот блогрол.


(5081 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]