|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Флеш вести „Заврши си работа“, ЦД со слободен софтвер локализиран на македонски јазик
|
|
|
|
„Заврши си работа“, ЦД со слободен софтвер локализиран на македонски јазик |
|
|
|
11.09.2006. |
|
По повод Денот на слободниот софтвер, Фондацијата Метаморфозис во сабота (16.9.2006 г.) ќе го издаде „Заврши си работа“, ЦД со слободен софтвер локализиран на македонски јазик. ЦДто ќе биде дистрибуирано преку весникот „Време“ и ќе може да се купи по цена од 50 денари.
На него може да се најде слободен софтвер за:
- канцелариско работење (ОпенОфис.орг),
- сурфање и е-пошта (Фајрфокс, Тандербрд),
- обработка на слики и фотографии (ГИМП), и
- игри (Битка за Веснот)
Софтверот е наменет за компјутери кои користат оперативен систем Виндоус. Приходот од продажбата на ЦДто ќе биде искористен за понатамошно развивање на слободниот софтвер.
(5394 hits/посети) |
|