Македонски

ЦД „Заврши си работа!“ за одбележување на Денот на слободниот софтвер PDF Печати Е-пошта
14.09.2006
По повод Денот на слободниот софтвер - 16 септември, Фондацијата „Метаморфозис“ подготви ЦД со слободен софтвер под наслов „Заврши си работа!“

CD_cover_Predna_okПо повод Денот на слободниот софтвер - 16 септември , Фондацијата „Метаморфозис“ подготви ЦД со слободен софтвер под наслов „Заврши си работа!“.

ЦДто содржи слободен софтвер на македонски и англиски јазик наменет за:

  • канцелариско работење: обработка на текст, табеларни пресметки, презентации, бази на податоци
  • користење на интернет: сурфање и е-пошта
  • обработка на слики, фотографии и документи во разни формати
  • како и 11 игри.
 Апликации Игри 
  •  ОпенОфис.орг, (со упатство за употреба на македонски јазик)
  • Фајрфокс
  • Тандербрд
  • Гимп
  • Гаим
  • ПДФ Креатор
  • Џумла
  • 7зип
  • поЕдит
  • КламВин
  • СтарДикт
  • Chromium BSU
  • Falling Block
  • Foo Billiard
  • Frozen Bubble
  • GNU Backgammon
  • Krystal Drop
  • LBreakout 2
  • Super Mario War
  • Trackballs
  • Tuxracer
  • Wesnoth

Слободниот софтвер е целосно легален, а носителите на авторските права за него дозволуваат негова употреба, развивање, локализирање, копирање и споделување.

Користењето на висококвалитетен слободен софтвер, покрај практичната полза дома или на работното место, придонесува и за намалување на стапката на пиратство во Македонија и изградба на култура на слободно споделување знаење.

Од 16 септември 2006 година, ЦДто ќе биде достапно преку дистрибутивната мрежа на дневниот весник „Време“ по симболична цена од 50 денари.

Изработката на ЦДто е дел од проектот за слободен софтвер на Фондацијата „Метаморфозис“, финансиран од Фондацијата „Институт отворено општество – Македонија“ (ФИООМ) и „Институт отворено општество – Будимпешта“ .

Во подготовката на ЦДто и локализацијата на софтверот, преку превод, лектура и тестирање, учествуваа експерти (информатичари, лектори, преведувачи) и голем број волонтери, преку низа активности организирани во соработка со НВО „Слободен софтвер Македонија“ .

Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon    Kajmak.ot
 
sakas_da_volontiras

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

Претплатете се на нашиот е-билтен

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5