|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Слободен пристап до информации од јавен карактер
|
|
|
|
Слободен пристап до информации од јавен карактер |
|
|
|
1.09.2006. |
|
Од денеска почнува примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со кој треба да се обезбеди јавност и отвореност во работењето на имателите на информации, како и да им се овозможи на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информациите, јави МИА.
Законот го донесе Собранието на 25 јануари годинава и со него се уредуваат условите, начинот и постапката со која се остварува правото на слободен пристап до информациите со кои располагаат државните органи, општините и јавните буџетски установи и правни и физички лица.
Имателите на информации од јавен карактер имаат обврска на јавноста да и обезбедат достапност до текстовите на прописите, програмите, стратегиите и другите документи поврзани со нивниот делокруг на работа, како и начинот на кој тоа ќе го прават. Секој имател на информација од јавен карактер треба да определи службено лице за посредување со информации.
Пристап до информации од јавен карактер, според Законот, можат да побараат сите правни и физички лица. Барањето може да се поднесе усно или писмено. Имателот на информации е должен веднаш, а најдоцна 30 дена од поднесувањето на барањето да даде одговор. Рокот за давање на бараната информација во некои случаи може и да се пролонгира, но не подолго од 40 дена. Ако барателот на информација не е задоволен може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во рок од осум дена.
Одбивање на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер е можно ако станува збор за класифицирана информација со соодветен степен на тајност, ако е личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на лични податоци, ако е доверлива информација или повредува доверливост на даночната постапка, ако се однесува на комерцијални и други економски интереси, ако нејзиното давање е штетно за животната средина ...
За неспроведување или несоодветно реализирање на одредбите од Законот, предвидени се парични казни од 20.000 до 50.000 денари.
Извор: Време (1.9.2006)
(4493 hits/посети) |
|