|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Хирурзите кои играат видео игри – помалку грешат во операционите сали
|
|
|
|
Хирурзите кои играат видео игри – помалку грешат во операционите сали |
|
|
|
9.04.2004. |
|
Резултатите од едно истражување покажале дека играњето видео игри води кон помалку грешки во операционата сала.
Сите оние години поминати на каучот играјќи Нинтендо и Плејстејшн, се чини дека сепак им се исплатеа на хирурзите. Истражувачите откриле дека лекарите кои поминуваат најмалку три часа неделно играјќи видео игри, дури за 37% помалку грешат во лапароскопската хирургија и за 27% побрзо ги извршуваат своите задачи, во споредба со нивните колеги кои не играле видео игри.
„Ја користам истата координација на очите и рацете и кога играм видео игри, и кога извршувам оперативен зафат“, вели 49 годишниот лекар Џејмс Росер, кој ги демонстрираше резултатите од своето истражување во Бет Израел медицинскиот центар. Истражувањето се состоело во тоа што, во периодот од мај до август 2003 година, биле испитувани 33 млади лекари од кои 12 биле во редовен работен однос, а останатите лекари - стажанти. Секој од лекарите требало да изигра три видео игри при кои се испитувале моторните способности, времето на реакција и координацијата на очите и рацете.
Лапараскопската хирургија се спроведува со користење на многу мала камера и инструменти кои се контролираат преку џоистик, значи надвор од телото. Ваков тип на операција може да се изврши на било кој дел од телото, како слепото црево, дебелото црево или жолчното кесе, на пример. Таа подразбира правење на сосема мал рез низ кој во телото се внесуваат камерата и оперативните инструменти кои се управувани однадвор. Камерата испраќа слика на надворешен екран така што хирургот во целост ја следи сиуацијата преку екранот. Значи хирурзите сега можат да ја вежбаат својата техника преку видео симулации.
(2804 hits/посети) |
|