Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Владата предлага ново министерство за информатичка технологија
Владата предлага ново министерство за информатичка технологија Испечати Е-пошта
7.09.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Владата не се откажува од намерата да формира министерство за информатичко општество. Доказ за тоа е последната владина седница, на која новиот кабинет на Груевски го разгледа и усвои Предлогот за донесување закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Во Законот се предлага формирање министерство за информатичко општество, како централна имплементациона институција, со дефинирани функции и надлежности, врз основа на Националната стратегија за развој на информатичкото општество, кое ќе го поттикнува и координира процесот на развојот на Информатичкото општество. Доколку новата владина коалиција успее да обезбеди двотретинска поддршка во Собранието за промена на Законот за влада, новото министерство за информатичко општество ќе го раководи Иво Ивановски, актуелен директор за информатичка технологија во американска компанија.

Извор: Утрински весник (7.9.2006 г.)


(4683 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]