Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow „Мобимак" се ребрендира во „Т-мобиле"
„Мобимак" се ребрендира во „Т-мобиле" Испечати Е-пошта
9.09.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Мобилниот оператор „Мобимак" се ребрендира во „Т-мобиле Македонија" , со што стана десетта членка на „Т-мобиле интернационал" , светски бренд со над 90 милиони корисници во девет земји.

„Ребрендирањето не значи само промена на името и изгледот на компанијата, туку што е поважно, воведување нови европски стандарди и имплементацијата на нова корпоративна култура", оцени главниот извршен директор на „Т-мобиле Македонија", Рубинчо Зарески, по повод ребрендирањето.

„Ни претставува посебна чест тоа што „Мобимак“ или поточно „Т-мобиле“ и неговите 900 илјади корисници ќе станат дел од ова глобално семејство, станувајќи негов десетти член", додаде Зарески, ветувајќи им на корисниците дека ќе уживаат во најдобрите решенија и квалитетни услуги на „Т-мобиле".

Според него, „Мобимак" се ребрендирал успешно во „Т-мобиле", затоа што ги имал високите стандарди и корпоративни принципи поставени од „Дојче телеком" и „Т-мобиле", како и огромната поддршка од нивните колеги од интернационалниот „Т-мобиле".

Мајкл Гунтер, член на УО на „Т-мобиле интернационал", посочи дека ребрендирањето е чекор напред во евроинтеграцијата на Македонија и придонес кон економскиот развој, а фондацијата „Мобимак за Македонија" ќе се преименува во Фондација „Т-мобиле".

По повод ребрендирањето, им беа донирани средства на Градот Скопје и на Детската клиника во Скопје.

Извор: Утрински весник (9.9.2006 г.)

(4846 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]