|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Ќе се издава оптичкиот кабел
|
|
|
|
Ќе се издава оптичкиот кабел |
|
|
|
11.09.2006. |
|
Оптичкиот кабел на МЕПСО (Македонскиот електропреносен систем) е подготвен за издавање. Директорот на оваа државна компанија Трајче Черепналковски потврди дека цените и правилникот под кои ќе се издава оптичкиот кабел се одобрени од управниот одбор на МЕПСО, објави „Тотал“.
- Сега се чека на деловната политика на новата Влада по оваа прашање - рече тој.
За изнајмување на оптичкиот кабел се заинтересирани неколку домашни, словенечки, хрватски и други странски компании, а интерес има пројавено и НАТО.
Во Македонија од постојните четири оптички кабли комерцијално е активен само тој на „Македонски телекомуникации“. Оптичкиот кабел се користи за пренос на слика, тон, интернет, телефонија.
Извор: Дневник (11.9.2006 г.)
(4610 hits/посети) |
|