Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Обука за полесен пристап до информации од јавен карактер
Обука за полесен пристап до информации од јавен карактер Испечати Е-пошта
29.08.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

На 28 август 2006 г. започна обука која има за цел на новинарите и останатите заинтересирани лица да им го олесни пристапот до информации. Обуката е дизајнирана за да и помогне на националната комисија одговорна за спроведување на Законот за пристап до информации да се подготви за својата задача. Ја спроведува невладината организација Про Медија, а е поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје .

- Слободниот пристап до информации е многу важен за вистинската слобода на медиумите и демократското функционирање на државата – изјави амбасадорката Наталија Дрозд, заменик-шеф на мисијата на ОБСЕ. – Им дава право на граѓаните да бараат и да добиваат информации од владата, државата и јавните институции, гарантирајќи ја транспарентноста и одговорноста.

- Од огромно значење е овој закон да биде правилно спроведен. Многу е важно што сите структури и механизми се поставени и ефикасно функционираат, сите подзаконски акти се прифатени и надлежните органи одговорни за давање информации на граѓаните се назначени и соодветно обучени - изјави директорот на националната комисија, Јанко Николовски.

Законот којшто беше донесен во февруари 2006 година треба да биде имплементиран во септември.


(3848 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]