|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Од денеска НУБ со реновирани читалници
|
|
|
|
Од денеска НУБ со реновирани читалници |
|
|
|
28.09.2006. |
За интернет-читалницата Македонија се поврзува и Он.нет обезбедија бесплатен интернет
Директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, г. Борко Зафировски, вчера напладне ги промовираше реновираните и новоопремени читални во Библиотеката, со што на корисниците им се нудат нови квалитетни услуги, попријатен и попривлечен амбиент за работа, а НУБ, следејќи ги препораките на Европските библиотеки, се трансформира во центар за пристап до дигитални информации.
Во една од читалните, наменета за интернет-корисници, поставени се 30 половни компјутери, донирани од страна на УСАИД во соработка со WCE (World computer Excange), а во рамките на проектот е-Влада. За доопремување и инсталирање на компјутерите, Библиотеката вложила и дополнителни сопствени средства. Македонија се поврзува обезбеди бесплатен безжичен пристап до интернет во реализација со Он.нет. На промоцијата присуствуваа претставници од ресорните Министерства на Република Македонија, како и претставници од УСАИД Македонија.
Н.П.
Извор: Утрински весник (23.9.2006)
(4743 hits/посети) |
|