|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести И ДДВ за интернет услугите да се намали на 5 отсто
|
|
|
|
И ДДВ за интернет услугите да се намали на 5 отсто |
|
|
|
23.09.2006. |
Сојузот на стопански комори и предлага на Владата да го намали ДДВ и во сферата на информатиката. Се бара намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за интернет услугите, софтверот и хардверот, со што, според Комората, ќе се зголеми бројот на интернет корисници.
Информатиката и користењето на интернет услугите се од големо значење за придвижување на Македонија кон економија базирана на знаење преку одржлив развој на информатичкото општество, смета Сојузот на стопански комори.
Со намалено оданочување во оваа сфера, сметаат стопанствениците, ќе се привлечат инвеститори во информатиката и ќе се овозможи забрзан развој на софтвер технологијата, вложувањето во опрема за современа технологија како и ќе се овозможи поголемо вработување и образование на вработените.
Извор: Вест (20.9.2006)
(4190 hits/посети) |
|