Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Студентите не знаат да испратат барање за работа преку интернет
Студентите не знаат да испратат барање за работа преку интернет Испечати Е-пошта
4.10.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Поразно е што студенти со просечна оценка над девет не знаат сами да напишат или да испратат преку интернет апликација за работа, изјави вчера Славе Младеновски од фондацијата е-Македонија.

Резултатите од проектот „Информатичко-комуникациски исчекор кон светските стандарди“, што го спроведоа е-Македонија и Фондацијата за развој на информатичко-комуникациските технологии, покажуваат дека голем број граѓани во Македонија немаат персонален компјутер.

Проектот укажува и дека можностите за искористување на информатичката технологија во земјава не се доволно презентирани, јави МИА.

Преку овој проект 50 студенти и дипломци посетија 105 часа на кои беа запознати со основите на канцелариското работење, кои треба да им го олеснат почетокот на идниот работен ангажман.

- Деведесет отсто од првите месеци на новите работни места нововработените ги поминуваат во запознавање со канцелариската работа. Така не се искористува нивниот капацитет, а компаниите имаат загуба - рече Јордан Ангеловски, претставник на Фондацијата за развој на информатичко-комуникациските технологии.

Тој и Младеновски ја прифаќаат идејата на Владата за отворање посебно министерство за информатичка технологија. Според нив, приватните ИТ-компании сами треба да формираат фонд преку кој ќе собираат средства за развој на оваа гранка, што подразбира и едукација на населението.

Извор: Дневник (3.10.2006)
(4791 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]