|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Паско Кузман го урна рекордот на Yahoo!
|
|
|
|
Паско Кузман го урна рекордот на Yahoo! |
|
|
|
6.10.2006. |
|
Приказната за Македонија хит на интернет
Видео материјалот на македонскиот археолог Паско Кузман што е дел од приказната за Македонија поставена на ExploringMacedonia.com на пребарувачот Yahoo за само еден ден го посетиле 500.000 интернет посетители што претставува највисок рекорд на Yahoo! забележан до сега. Приказната за Македонија пак, од поставувањето на Интернет како дел од Yahoo adventures и exploringmacedonia.com достигна близу два милиона посети, соопшти вчера канцеларијата на УСАИД во Скопје, со чија помош беше остварен Националниот портал за туризам.
На 26 јули годинава, за само еден ден, непосредно по поставувањето, видео материјалот на почетната страна на Yahoo! беше симнат повеќе од милион пати.
Веднаш по објавувањето, а особено по поставувањето на новиот Yahoo! рекорд по број на посети за еден ден, тимот на Exploring Macedonia го контактирале голем број меѓународни туроператори од Белгија, Англија, Турција и Австрија. Тие барале дозвола за користење на содржината на сајтот на кој се наоѓа репортажата за Македонија за да го промовираат туристичкиот пакет за Македонија, соопшти УСАИД.
По големиот интерес и по бројот на посетите приказната за Македонија и понатаму останува на страниците на популарниот сајт Yahoo!Adventures.
Е.З.
Извор: Вест (20.9.2006)
(4666 hits/посети) |
|