Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Истражување на Виза покажува дека купувањето преку интернет заштедува пари
Истражување на Виза покажува дека купувањето преку интернет заштедува пари
Истражувањето коешто во септември го спроведе британската Виза (Visa UK) покажува дека купувањето онлајн споредено со традиционалното купување може да ви помогне да ја смирите жедта за купyвање.
Според истражувањето 72% од анкетираните жени признале дека многу повеќе можат да се контролираат колку трошат ако купуваат онлајн. Мажите купуваат онлајн повеќе од жените (54,3% наспроти 42%). Постарите на возраст меѓу 55 и 64 години купуваат онлајн исто како и младите на возраст меѓу 16 и 24 години (53% за двете групи).
Што се однесува до ограничувањата за купувањето онлајн, безбедноста останува главна грижа на скоро една третина од испитаниците (31%), а по неа следат неможноста да се допре, почувствува и да се проба производот пред да се купи (21%).
Виза очекува дека во следната година луѓето ќе трошат повеќе пари преку интернет за резервации за патување (46%), за забава (42%) и за подароци. Помалку од една третина од испитаниците (28%) очекуваат да купат повеќе облека преку интернет.