Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ЕДРИ arrow Предлог-документ на ЕУ за технологии за надгледување
Предлог-документ на ЕУ за технологии за надгледување Испечати Е-пошта
9.10.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Европската комисија усвои предлог-документ за технологии за надгледување користени од граѓанското општество во борба против тероризмот којшто до крајот на оваа година ќе биде отворен за јавни консултации.

 
Предлог-документот, којшто произлезе од конференцијата „Дијалог за безбедност меѓу јавниот и приватниот сектор: Технологии за детектирање и нивно воведување за борба против тероризмот“ што се одржа во ноември 2005 година, има за цел да ги определи најдобрите технологии коишто, според Генералниот директорат за правда, слобода и безбедност на Европската комисија, ќе бидат употребени „во служба на безбедноста на граѓаните“.

Предлог-документот се фокусира на некои од следните прашања: стандардизација, сертификација на алатките, интегрирање на системите за детектирање разни супстанции во еден единствен систем и подобрување на безбедноста на јавни настани.

Европската комисија има за цел да ја подобри соработката меѓу приватниот и јавниот сектор за да се дефинираат најдобрите случаи и системи и да се помогне нивно распространување низ ЕУ, како и да помогне во креирањето на нови поефикасни технологии за надгледување што ќе бидат подостапни по пониски цени.

Предлог-документот признава дека технологиите за детектирање ја загрозуваат  приватноста и државите при изработката на такви технологии мора да го ограничат степенот на загрозеност. Исто така, се предвидува дека секоја легислатива којашто ќе произлезе од консултациите треба „потполно да биде во согласност“ со Повелбата за основните права на ЕУ и Европската конвенција за човекови права и дека „Особено внимание мора да му се посвети на усогласеноста со заштитата на личните податоци и правото на приватен живот.“

Сепак, беше изразена загриженост од заштитниците на граѓанските слободи кои веруваат дека индустријата веќе премногу ги контролира политиките за надгледување во Европа, како што веќе можевте да прочитате во ЕДРИ-Грам.

Извештајот на Стејтвоч од април годинава под наслов Вооружувајќи го големиот брат покажа дека на приватните компании за обезбедување им е дадена моќ да решаваат за начинот на кој ќе се трошат парите на ЕУ за имплементација на системи за безбедност и дека во дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор, приватниот сектор бил помалку застапен.

Предлог-документ за технологии за детектирање и нивно воведување во работата на полицијата, царината и други тела надлежни за безбедноста – Соопштение за јавноста

Предлог-документ за технологии за детектирање во работата на полицијата, царината и други тела надлежни за безбедноста (1.09.2006)

Кажете и на ЕК за надгледувањето (6.09.2006)

ЕДРИ-грам: ЕУ плаќа за технологии за надгледување и контрола (26.04.2006)

Вооружувајќи го големиот брат Програма за истражување на безбедноста во ЕУ (04.2006)


(4957 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]