Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
Европа повторно под заканата на софтверските патенти Испечати Е-пошта
9.10.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Прашањето околу софтверските патенти повторно ќе биде ставено на дневен ред со Договорот за судски постапки околу патенти во Европа со кој се бара усогласување на законите за патенти во земјите на ЕУ. Договорот би можел да биде изгласан на 11 октомври 2006 година во Европскиот парламент.


Минатата година Парламентот гласаше против предложената Директива за компјутерски имплементирани пронајдоци којашто би ги озаконила софтверските патенти во Европа. Новиот Договор ќе значи интегриран судски систем и жалбен процес за патенти.

Поддржувачите на предложениот договор сметаат дека тој ќе им помогне на малите и средни претпријатија подобро да го користат патентниот систем и сметаат дека нема да отвори врата за судски постапки поврзани со софтверски патенти.

Три парламентарни групи ПЕС (Европски социјалисти), Зелени/ЕФА и ГУЕ/НГЛ (Обединета европска левица) поднесоа предлог во кој се наведува дека договорот претставува закана за демократијата, за независност на судството, ги изложува на ризик малите и средните претпријатија и ги зголемува трошоците за судски постапки. Предлогот се соочува со отпор и меѓу кампањите против патентите како и кај деловниот сектор.

Критичарите, исто така, го обвинуваат Комесарот за внатрешен пазар Чарли Мек Креви дека не е способен да даде јасни одговори на предложениот договор  во врска со трошоците, судската независност или адвокатската фела.

Питер Хинтџенс претседател на Фондацијата за слободна информациска инфраструктура, исто противник на Договорот, изјави дека Договорот „значи повисоки трошоци за малите претпријатија и зголемен ризик од судски постапки. Стилот на САД не е решение. Нам единствено ни треба подобра служба одговорна за патентите“.

Војната околу софтверските патенти во Европа повторно се разгоре (21.09.2006)

Софтверските патенти повторно ја прогонуваат Европа (22.09.2006)

Комисијата не може да им одговори на пратениците во ЕП за Договорот околу софтверските патенти (21.09.2006)


(5412 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]