Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Европскиот парламент ја преобрази резолуцијата за патенти
Европскиот парламент ја преобрази резолуцијата за патенти Испечати Е-пошта
16.10.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Во новата резолуција за патенти изгласана на 12 октомври 2006 година со 494 гласа за и 109 против, Европскиот парламент ја нагласи загриженоста околу практиката на доделување патенти од страна на Европската канцеларија за патенти и недостатокот на демократска контрола врз системот за патенти. Европскиот парламент е релативно тивок во врска со Договорот за судски постапки поврзани со патенти, предлог-повелба која започна да ги придвижува работите. Фондацијата за слободна информациска инфраструктура (ФФИИ – Foundation for a free information infrastructure) го поздрави конечниот исход.

Главните предлагачи на првичната резолуција во полза на Договорот, европарламентарците Клаус-Хајнер Лене (Европската народна партија и Демохристијаните) и Шерон Болс (Сојуз на либерали и демократи во Европа), беа принудени да се откажат и да преговараат за да се изнајде компромис меѓу пратеничките групи Европската народна партија и Европските демократи, Европските социјалисти и Сојуз на либерали и демократи во Европа (АЛДЕ). Откако неколку одметнати пратеници кои имаа различно мислење од своите пратенички групи поднесоа 10 амандмани на предлог-текстот, двајцата предлагачи мораа да направат дополнителни отстапки, а Лене дури поднесе и амандман на сопствениот предлог-текст. На крајот, нивните групи прифатија половина од предложените амандмани.

Усвоениот текст на резолуцијата е многу поразличен од текстот што првично беше предложен и којшто недвосмислено го поддржуваше Договорот за судски постапки поврзани со патенти. Усогласениот предлог-текст предизвика контра-резолуција од страна на ПЕС (Европските социјалисти), Зелените/ЕФА и ГУЕ/НГЛ (Обединетата европска левица) во којашто се искажува загриженоста за слабите точки на Договорот како што се трошоците за судските постапки и недостатокот на одговорноста на телото за патенти и судската независност.
 
Преговорите што следеа завршија со скоро бесцелен усогласен текст прифатен од преговарачите на Европската народна партија и Европските демократи (ЕПП-ЕД), Европските социјалисти и  АЛДЕ, а Европските социјалисти го повлекоа својот потпис од резолуцијата критична за Договорот. Конечно беа разгледани амандманите што ги поднесоа Зелените/ЕФА, ГУЕ/НГЛ (Обединетата европска левица), Европските социјалисти, ЕПП-ЕД и група одметнати европарламентарци од ЕПП-ЕД/ПЕС/АЛДЕ предводена од европратеникот Зверина. Беа усвоени неколку од клучните амандмани.

- Ние сме 80% задоволни од исходот - коментира Џонас Мебе, член на бордот на ФФИИ. – Главното несреќно решение што остана во усвоената резолуција е фактото дека резолуцијата промовира пристапување на Европската Унија кон Европската конвенција за патенти којашто ќе делегира најмногу одговорности поврзани со патенти на државните службеници на Комисијата и на земјите-членки. Сè на сè, нашите главни барања се задоволени и ние би сакале да им честитаме на многу европратеници и асистенти кои напорно работеа за ваквиот исход.

Ерик Џозефсон, кој известува од Европскиот парламент во Брисел, заклучува: - Многу европратеници се среќни што ние им помогнавме да најдат заеднички јазик. Ние особено се гордееме затоа што Европскиот парламент внимава на европската канцеларија за патенти. И пораката е јасна: не играјте си со иновациите во ЕУ.

Извор: Фондацијата за слободна информациска инфраструктура


(4301 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]