|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Гугл промовира нов образовен портал
|
|
|
|
Гугл промовира нов образовен портал |
|
|
|
16.10.2006. |
|
Интернет-пребарувачот Гугл (Google) промовира портал којшто ги поврзува образовните институции низ светот. Образовниот проект (Literacy Project) им овозможува на наставниците, организациите и луѓето заинтересирани за образование да го користат интернетот за да бараат и да споделуваат информации поврзани со образовната дејност.
Корисниците можат да пребаруваат низ скенирани книги и академски написи и да споделуваат информации преку блогови, видеа и групи. Исто така, алатката им овозможува на луѓето да најдат образовни организации низ светот со помош на мапа која може да се пребарува и зголемува.
Проектот се спроведува во соработка со образовната кампања на Саемот на книгата во Франкфурт (Литкам) и Институтот за доживотно учење на Унеско .
Потегот на Гугл е тесно поврзан со походот на џинот во сферата на образованието - порталот за пребарување книги . Сега корисниците можат да го користат за да пребаруваат низ дигитализирани книги за да ги пронајдат оние што ги содржат зборовите или фразите што се пребаруваат. Некои издавачи, како Пингвин и ХарперКолинс, и библиотеки, како Универзитетската библиотека на Оксфорд, му дозволија на Гугл да ги скенира нивните книги. Ако книгата сè уште е под авторски права, корисниците можат да добијат само ограничени информации, а ако авторските права се истечени, тогаш таа може да се симне од порталот.
Извор: БиБиСи Њуз
(4328 hits/посети) |
|