Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Флеш вести arrow Втора меѓународна конференција „е-Општество.Мк“
Втора меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ Испечати Е-пошта
16.10.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
e-society-banner
 
Втората меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ ќе се одржи во Скопје, Македонија на 15, 16 и 17 ноември, 2006 г.

Оваа година фокус на конференцијата е регионалниот пристап кон креирање на применети политики за ИКТ. На конференцијата експерти, носители на одлуки, претставници на групи за застапување и други заинтересирани страни од Македонија, Југоисточна Европа и ЕУ ќе споделат знаења и искуства низ низа панел-дискусии и работилници.                                                                                                             Повеќе >>>


На конференцијата ќе бидат покриени следните теми:

  • Примери на најдобри пракси при градење институционална рамка за е-општество,
  • е-влада и граѓанско учество,
  • слободен пристап до информации и приватност на личните податоци,
  • законодавство за е-трговија, компјутерски криминал и сигурност,
  • влијание на новите медиуми на применетата политика: премин на дигитално емитување,
  • изградба на синергија: надминување на јазот еЕУ-еЈИЕ,
  • евалуација на ИТ-проекти од родова перспектива,
  • интернет-новинарство,
  • блогирање и други нови медиуми,
  • слобода на изразување на интернет и анонимност,
  • е-пристапност: вклучување на луѓето со посебни потреби во информатичкото општество,
  • слободен софтвер

(5164 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]