|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
|
|
|
|
|
Втора меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ |
|
|
|
16.10.2006. |
|
Втората меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ ќе се одржи во Скопје, Македонија на 15, 16 и 17 ноември, 2006 г.
Оваа година фокус на конференцијата е регионалниот пристап кон креирање на применети политики за ИКТ. На конференцијата експерти, носители на одлуки, претставници на групи за застапување и други заинтересирани страни од Македонија, Југоисточна Европа и ЕУ ќе споделат знаења и искуства низ низа панел-дискусии и работилници. Повеќе >>>
На конференцијата ќе бидат покриени следните теми:
- Примери на најдобри
пракси при градење институционална рамка за е-општество,
- е-влада и
граѓанско учество,
- слободен пристап до информации и приватност на
личните податоци,
- законодавство за е-трговија, компјутерски криминал и
сигурност,
- влијание на новите медиуми на применетата политика: премин
на дигитално емитување,
- изградба на синергија: надминување на јазот
еЕУ-еЈИЕ,
- евалуација на ИТ-проекти од родова перспектива,
- интернет-новинарство,
- блогирање и други нови медиуми,
- слобода на
изразување на интернет и анонимност,
- е-пристапност: вклучување на
луѓето со посебни потреби во информатичкото општество,
- слободен
софтвер
(5875 hits/посети) |
|