|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Управување со дигитални ограничувања - drm.info
|
|
|
|
Управување со дигитални ограничувања - drm.info |
|
|
|
18.10.2006. |
|
На 3 октомври 2006 година по повод првиот ден против управување со дигитални ограничувања (Digital Restriction Management) беше објавена нова колаборативна платформа за потенцијалните опасности од управување со дигитални ограничувања. Порталот DRM.info е инициран од Европската фондација за слободен софтвер (Free Software Foundation Europe) и поддржан од група на организации и автори.
Главната порака на новиот портал е „Вашите уреди не ви веруваат!“ и како што објаснува Јоаким Јакобс, координатор за медиуми на Фондацијата: - Всушност, тие ви веруваат толку малку што дури и не ви кажуваат дека ве ставаат под надзор. DRM.info сака да ги информира и да ги вклучи луѓето во одлуките коишто ќе имаат влијание врз нивниот живот. Сите субјекти кои придонесуваат на новиот портал ја делат загриженоста поради недостатокот на социјална дебата за прашања поврзани со технологиите за управување со дигитални ограничувања.
Џорџ Грив, претседателот на Европската фондација за слободен софтвер потенцира една од опасностите на управувањето со дигитални ограничувања: - Технологиите за управување со дигитални ограничувања се засновани врз принципот дека трета страна има поголемо влијание врз вашите уреди од вас и дека во случај на конфликт нивните интереси ќе ги надвладеат вашите. Ова важи дури и кога вашите интереси се сосема легитимни и законски, и најверојатно се однесуваат на ваши податоци.
DRM.info - Управување со дигитални ограничувања
Европската фондација за слободен софтвер објави веб-сајт против управување со дигитални ограничувања (5.10.2006)
Управување со дигитални права (само на германски, 3.10.2006)
Започна европската кампања против управување со дигитални ограничувања (само на италијански, 4.10.2006)
(5402 hits/посети) |
|