Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Виртуелен оператор ќе ги поевтини разговорите
Виртуелен оператор ќе ги поевтини разговорите Испечати Е-пошта
2.11.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Покрај со трет мобилен оператор, и со таканаречени виртуелни мобилни оператори може многу да се намали цената на импулсот, препорачуваат експертите.

Поголем број оператори, меѓу кои и виртуелни, е еден од условите за здрава конкуренција во мобилната телефонија, која ќе донесе пониски цени на разговорите за граѓаните. Покрај трет мобилен оператор, воведувањето таканаречени виртуелни мобилни оператори е моделот за драстично намалување на цената на импулсот, кој го препорачуваат телекомуникациските експерти.

Виртуелниот оператор не гради сопствена мрежа, туку ја користи мрежата на постојните оператори по строго дефинирани услови и цени. Поради тоа, нема големи трошоци за да почне со работа и може веднаш да понуди конкурентни цени.

- Има два начина за да се воведат нови мобилни оператори на македонскиот пазар. Првиот е идниот оператор да изгради нова мрежа, како што сега предвидува Владата со јавниот повик. Вториот начин е новиот оператор или оператори да направат договор со постојните оператори да ја користат нивната мрежа. На овој начин идниот оператор би можел да почне да работи побрзо со оглед на тоа дека не мора да гради нова мрежа. Виртуелните оператори можат да бидат добро решение за Македонија, не како замена за трет мобилен оператор, туку како негово дополнување - вели Тон де Лиефде, водач на тимот за техничка помош за развој на телекомуникацискиот сектор во земјава, финансиран од Европската агенција за реконструкција.

Виртуелните мобилни оператори функционираат на неколку начини. Наједноставниот начин е да работат како еден вид препродавачи на мрежниот оператор. Тоа значи дека сите технички и административни функции ги води мрежниот оператор. Другата крајност е да ги користат само базните станици (антени) на мрежниот оператор, а сè друго да прават самите.

- За потрошувачите, изгледа дека виртуелниот мобилен оператор работи целосно независно. На екраните од своите телефони го гледаат името на виртуелниот мобилен оператор, а не името на основната мрежа. Вообичаено е ваквите оператори да почнат како давачи на услуги, а потоа полека самите да вршат повеќе функции. Тоа им овозможува да развијат свои услуги - вели Де Лиефде.

Според него, вакви примери во земјите-членки на ЕУ има многу. Во неговата земја Холандија има четири мрежни оператори и 20 виртуелни мобилни оператори. Има и случаи кога самите мрежни оператори основаат виртуелен оператор, со кој се насочуваат кон одредена група потрошувачи. Во Германија работи оператор што сака да привлече корисници од големата турска заедница, но е сопственост на Е-плус, третиот мобилен оператор. Во Холандија, мобилниот оператор КПН размислува да основа виртуелен мобилен оператор, чија цел ќе бидат младите луѓе.

Марјан Блажевски
Извор: Дневник

(4548 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]