Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
Продолжение на ССИО во УНЕСКО Испечати Е-пошта
3.11.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Од 16 до 19 октомври 2006 г. УНЕСКО одржа консултации со повеќе чинители за имплементацијата на Акциските делови од Светскиот самит за информатичко општество (ССИО) и тоа деловите Ц3 (пристап до информации), Ц7 (е-учење), Ц9 (медиуми) и Ц10 (етика). Консултациите се одржаа во канцелариите на УНЕСКО во Париз.


УНЕСКО е една од водечките агенции коишто дејствуваат како фацилитатори на имплементацијата на акциските делови од ССИО. Како што беше предвидено со Агендата за информатичко општество од Тунис и консултациите за можни модератори/фацилитатори за акциските делови одржани на 24 февруари 2006 г. во Женева, во изминатите четири месеци УНЕСКО служеше како привремена фокусна точка за неколку акциски делови.

На консултациите во Париз УНЕСКО беше одобрен како официјален фацилитатор за акциските делови Ц3, Ц7, Ц9 и Ц10. Исто така, беше нагласено дека во подоцнежната фаза може да се вклучат и други фацилитатори. Овој извештајот не ги вклучува консултациите за медиумите бидејќи никој од ЕДРИ не можеше да учествува.

На состаноците просечно присуствуваа по 60-70 учесници, главно од граѓанскиот и приватниот сектор и релативно малку претставници на владиниот сектор. Сите состаноците се одвиваа по две главни точки на дневниот ред. Прво се групираа одредени прашања од акциските делови, а второ се разгледуваше описот на задачи на тимот на чинители. Описот на задачи беше сличен за акциските делови, а предлогот на УНЕСКО беше одобрен со ситни промени за да се обезбеди дека процесот ќе остане отворен за други фацилитатори, на пример од граѓанското општество. Беше нагласено дека Асоцијацијата на напредни комуникации (Association of Progressive Communications) заедно со Меѓународната унија за телекомуникации (МУТ) се предложени за фацилитатори на акцискиот дел Ц2 (инфраструктура на информации и комуникации) и дека ова претставува добар модел. Исто така, беше наспоменато дека тимот на чинители е платформа отворена за секого.

Што се однесува до акцискиот дел за пристап до информации и знаење (Ц3), УНЕСКО предложи акцискиот дел да биде структуриран околу следните прашања: креирање околина за пристап до јавни информации, пристап за заедницата, библиотеки и архиви, модели на софтвер, истражување и развој, отворен пристап и е-влада. Во неколку интервенции од граѓанскиот сектор беше споменато дека треба појасно да се нагласи развојот на јавниот домен и дека пристапот до јавни информации треба да претставува една определена област со поголемо учество на „јавниот домен“. Претставниците на индустрискиот сектор нагласија дека една важна цел на акцискиот дел е да креира простор за поврзување, делење и вмрежување меѓу иницијативите на локално ниво.

УНЕСКО предложи акцискиот дел за етичките димензии на информатичкото општество (Ц10) да биде структуриран околу следните прашања: промовирање на почитувањето на основните вредности и принципи, подигнување на свеста за етиката на информации и придонес кон изготвување на стратегии и промоција на политики а. заштита на приватноста, личните податоци и др., и б. Превентивни мерки против нелегалната употреба на ИКТ. Многумина сметаа дека овој акциски дел е поразличен од другите (понеопределен и навлегува во други области), па според тоа беше решено да не се прифати предложеното групирање. Наместо него, ќе биде направено мапирање на постоечките иницијативи поврзани со етиката во информатичкото општество, на пример во рамките на Советот на Европа, и врз оваа основа ќе се развива дискусијата за тоа како да се промовира акцискиот дел, вклучувајќи и евентуална „агенција за прес-клипинг“ за иницијативи поврзани со Ц10.

За акцискиот дел за е-учење (Ц7), УНЕСКО го предложи следното групирање: унапредување на капацитетите за е-учење во образованието, инфраструктура за комуникација и учење, политики и стратегии за е-учење, дигитални образовни содржини, обезбедување квалитет, оценување, евалуација и акредитација, партнерство меѓу приватниот и јавниот сектор, истражување и развој во е-учење. Исто така, беше нагласено дека Ц7 е во тесна врска со Ц4 во областа на креирање капацитети, а оваа област е особено важна за е-учењето и образованието. Беше предложено партнерство меѓу приватниот и јавниот сектор да биде наречено партнерство меѓу повеќе чинители, бидејќи и финансиите и човечките ресурси се многу важни за е-учењето и не се поврзани само како партнерство меѓу држава-донатори-приватни компании. Прашањето за финансирањето беше оценето како сеопфатно прашање и коешто може евентуално да вклучи дискусија за финансирање на ИКТ во образованието, како и за воведувањето на ИКТ во националните стратегии за развој (во овој случај во образовните стратегии), и евентуално вклучување во Стратешките документи за на намалување на сиромаштијата на Светска Банка.

Документите од состанокот се достапни на следниот линк

Истражување за користењето на онлајн платформата за соработка за фацилитирање на акцискиот дел на ССИО

Rikke Frank Jørgensen, Дигитални права – Данска, членка на ЕдРИ 

 


(5378 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]