Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Студија на ЕУ: РФИД картичките се голема опасност за приватноста
Студија на ЕУ: РФИД картичките се голема опасност за приватноста Испечати Е-пошта
3.11.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
По шестмесечен период за консултации, студија на ЕУ којашто беше започната во март 2006 година по компјутерскиот саем ЦеБит покажа дека употребата на РФИД картичките (лични податоци со радио фреквенција) ја загрозува приватноста и дека е потребно да се убеди јавноста дека овие картички нема да доведат до голем систем за надгледување.


РФИД картичките се сè повеќе користени од бизнис-секторот за контрола на стоката, а владите ја разгледуваат можноста за воведување на вакви картички во личните документи. Се претпоставува дека пазарот за РФИД ќе има спектакуларен раст следните години. Предвидувањата на ЕУ се дека го 2016 година ќе бидат продадени над 270 милијарди РФИД картички.

За време на конференцијата на ЕУ „Кон иднината“ што се одржа на крајот од периодот за консултации, европскиот комесар за информатичко општество, г-а Вивиен Рединг, ја коментираше студијата:
- Огромно мнозинство сака да биде убедено дека РФИД ќе донесе корист, но треба повторно да се убеди дека нема да има компромиси поврзани со приватноста... Тоа мора да се направи ако сакаме РФИД да бидат широко прифатени.

Комесарот смета дека студијата покажала дека луѓето треба да имаат контрола врз информациите и сами да решаваат како тие информации ќе се користат или ажурираат.

Студијата покажа дека постои општа загриженост дека РФИД картичките можат да влијаат врз приватноста. Над 55% од лицата и организациите кои учествуваа во студијата сметаат дека треба да има промена во законите за да се заштити приватност на податоците кои се содржат во овие картички. Исто така, тие бараат и технички чувари со коишто првичното прилагодување на картичките ќе биде тие да се исклучени.

Рединг смета дека некои од мерките коишто може да се преземат за да се намали загриженоста се користење на технологии како што се јасно обележување на картичките и поголема транспарентност за ризиците и можностите на РФИД системот.
- Експертите за технологија ми кажаа дека многу од стравувањата поврзани со приватноста се неосновани. Добро. Во тој случај јас сум сигурна дека можеме да го придобиеме јавното мислење ако кажеме каде постојат а каде не постојат ризици – изјави Рединг. Таа додаде дека повеќе од половина испитаници сакаат владите законски да ја регулираат РФИД индустријата, а не таа самата да се регулира.
 
За време на конференцијата беше дискутирано за технички прашања, како што се потребата за заеднички технички европски стандарди за РФИД системите, и недостатокот на заедничка распределба на радиофреквенции во сите земји-членки на ЕУ. Покрај техничките прашања, дебатата се водеше и на теми поврзани со ризиците околу собирањето и користењето на податоци за лична идентификација (на пример злоупотреба на податоци, губење на слобода), биолошките ефекти на радиобрановите или влијанието на РФИД картичките врз материјалите за рециклирање и повторна употреба.

ЕУ има намера да ги употреби одговорите на студијата (околу 2.200) за да реши како најдобро да се користи РФИД технологијата во Европа и како да ги реши прашањата поврзани со безбедноста и приватноста. Коминикето на Комисијата за РФИД заедно со конечните заклучоци од процесот на консултации ќе бидат објавени на крајот од 2006 година и ќе вклучуваат промена на легислативата или прочистување на сегашната законска рамка. Комесарката Рединг потврди дека ова може да биде подготвено во 2007 година.

Радио-картичките предизвикаа загриженост за приватноста (16.10.2006)

РФИД: Најчести прашања на јавните консултации на Комисијата (16.10.2006)

Прашања и одговори: РФИД (16.10.2006)

Загриженост околу приватноста ја спречува употребата на РФИД (19.10.2006)
 
ЕУ ги разгледува законите за приватност на РФИД (17.10.2006)
 
Јавни консултации на ЕУ за приватноста (15.03.2006)


(5676 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]