Македонски
ЦИСКО отвори канцеларија во Скопје PDF Печати Е-пошта
03.11.2006
Меѓународната интернет-компанија „ЦИСКО системи“ на 2 ноември 2006 година отвори канцеларија во Скопје. Влезот на ЦИСКО ќе овозможи локалните фирми да станат официјални партнери и да добијат пристап до новите комуникациски технологии, јави МИА.

- На граѓаните ќе им го доближиме искуството од поврзувањето во мрежа. Би сакале да ги поврземе болниците, училиштата и библиотеките и да изградиме мрежа што на луѓето во руралните области ќе им овозможи пристап до сите услуги. За образованието нудиме програми, како што е „ЦИСКО нетворкинг академија“ - изјави Иштван Пан од „ЦИСКО системи“ .

Според премиерот Никола Груевски, успех е што во Македонија доаѓа компанија што е светски лидер во комуникациската и информатичката технологија и во мрежното поврзување на интернет.

- „ЦИСКО системи“ ќе ја поддржуваат Македонија во градењето економија заснована на знаење и информатичко општество. Владата ќе гради партнерски однос со оваа компанија. Досега многу малку е направено во сферата на информатичкото општество и состојбите се далеку под задоволувачкото ниво - рече Груевски.

Извор: Дневник

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5