Македонски
Форум за отворена политика - ИКТ во образованието PDF Печати Е-пошта
10.11.2006
Форум за отворена политика е одличен извор за наставници и луѓе кои се занимаваат со изготвување на наставни програми


Програмата за поддршка на образованието на Фондацијата отворено општество – Словачка промовираше нов веб-сајт којшто обработува теми од областа на информатичките и комуникациските технологии во образованието. Проектот е спроведен од Фондацијата отворено општество – Словачка, а поддржан од Програмата за поддршка на образованието на Фондацијата отворено општество Будимпешта.

Форум за отворена политика е одличен извор за наставници и луѓе кои се занимаваат со изготвување на наставни програми. Сајтот го претставува искуството од светот со цел да ги информира локалните, регионалните и националните креирачи на политики да ги вклучат и да ја поддржат употребата на информатичките и комуникациските технологии  во образованието при креирањето на нивната политика.

Адресата на веб-сајтот е http://www.openpolicyforum.net. На сајтот функционираат форуми за дискусија за разни важни теми, како што се инфраструктура, исплатливост на трошоци, обуки, содржина, влијание и евалуација, сите поврзани со ИКТ политики во образованието, како и мислењата на овие теми дадени од експерти од земји од целиот свет.

Форумот е отворен за сите заинтересирани откако ќе се регистрираат преку веб-сајтот.

 

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5