|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести ЕДРИ Комесарите за приватност делуваат заедно
|
|
|
|
Комесарите за приватност делуваат заедно |
|
|
|
23.11.2006. |
|
На 28-мата конференција за Комесари за заштита на податоци и информации којашто се одржа во Лондон, комесарите за приватност од десет земји усвоија заеднички политики во врска со меѓународниот проблем на зголемено надгледување на граѓаните. Документот усвоен од комесарите и насловен како „Комуницирање на заштитата на податоци и зголемување на нејзината ефикасност“ бара заедничка поддршка во креирањето на меѓународна конвенција за заштита на податоците, што веќе беше договорено во 2005 година.
Комесарот за информации на Велика Британија, Ричард Томас, ја поздрави иницијативата на комесарите којашто покажува загриженост околу заштитата на податоците. Тој веќе предупреди на опасностите од надгледувањето на граѓаните во Велика Британија од страна на јавни и приватни тела. Извештајот што го подготвил Комесаријатот покажал јаз меѓу богатите и сиромашните, и во физичка и во економска мобилност, илустриран според социјалните профили засновани врз собирањето податоци.
Во истиот контекст, на 72-рата Сојузна конференција одржана на 19 октомври 2006 година во Наумбург, Германија, службениците за заштита на податоците го критикуваа планираниот закон против тероризмот оценувајќи го како противуставен, а беше донесена и резолуција на оваа тема.
Иако сметаат дека терористичката закана мора да се елиминира, германските службеници за заштита на податоците сметаат дека секоја антитерористичка акција мора да биде во согласност со уставот и затоа сакаат промени во предлог-законот против тероризмот.
Германските службеници за заштита на податоците изразија загриженост и за централниот „образовен регистар“ со број за идентификација за учениците и наставниците за што апелира комисијата во рамките на Министерството за образование и култура на покраините со цел да се имаат на увид записите за секого во секое време. Службениците за заштита на податоците донесоа резолуција нагласувајќи дека не постои јасна потреба за таков регистар на национално ниво.
Една нова резолуција на службениците за заштита на податоците беше поврзана со РФИД чиповите и креирањето ан тајни профили преку скенирање на податоците од РФИД уредите. Резолуцијата бара уредите да не ги активираат чиповите кои се користат во малопродажбата и услужните сектори и да се користи енкрипција додека се врши пренесување и зачувување на податоците за да се избегне скенирањето на податоците од неавторизирани лица.
Сепак, само неколку недели по состанокот на германските комесари за приватност, Бундесратот, горниот дом на германскиот парламент, го одобри сојузната владина регулатива за воведување на единствени и постојани броеви, со цел процена на даноци. Од јули 2007 година секој граѓанин на Германија без разлика на возраста ќе има број за идентификација. Бројот за идентификација издаден од сојузната даночна управа ќе ги замени даночните броеви за идентификација издадени од германските сојузни држави и ќе содржи лични податоци, како што се: име, пол, датум на раѓање или адреса.
Приврзаниците на заштитата на податоци во голема мера го критикуваа новиот број за идентитет којшто ќе го придружува својот „сопственик“ цел живот и којшто ќе биде сместен во огромна база на податоци. Тие тврдат дека не постои никаква одредба која би ги спречила вработените или клиентите на даночните служби да ги користат информациите од оваа база на податоци.
Комесарите за приватност заедно ќе се борат против надгледувањето (7.11.2006)
„Комуницирање на заштитата на податоци и зголемување на нејзината ефикасност“ (3.11.2006)
Резултати од конференциите на службениците за заштита на податоците (27.10.2006, само на германски)
Службениците за заштита на податоците го критикуваат предлог-законот против тероризмот и регистарот на ученици (30.10.2006)
Бундесратот даде зелено светло за бројот за идентификација (7.11.2006)
(5110 hits/посети) |
|