Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Дали државата треба да ги казни со затворање продавниците со пиратски софтвер?
Дали државата треба да ги казни со затворање продавниците со пиратски софтвер? Испечати Е-пошта
20.04.2004.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот


Дури 64% од јавноста смета дека продавниците кои тргуваат со пиратски софтвер не треба да бидат казнети со затворање.

Центарот за информациски и комуникациски технологии „Метаморфозис“ во периодот од 16 февруари до 19 април 2004 година спроведе анкета на својот веб-сајт (www.metamorphosis.org.mk) со прашање „Дали државата треба да ги казни со затворање продавниците со пиратски софтвер“.

На прашањето од анкетата одговорија вкупно 773 посетители на веб-сајтот, од кои 493 посетители (64%) одговорија дека не треба да се казнат, 237 посетители (31%) одговорија дека треба да се казнат, 28 посетители (4%) не се одлучни за одговорот, а 15 посетители (2%) не знаат.

Графички приказ на резултатите од анкетата:


Еве и дел од коментарите кои посетителите ги оставија на веб сајтот (каде што тие се достапни во целост):

Знаеме дека би било најлогично да се плаќа вистинската цена за еден софтвер, меѓутоа, каква е економската ситуација во Македонија и колкав е степенот на сиромаштија, вистински успех за луѓето е и купување на копија. – Милан од Торонто

...Ако софтверот Виндоуз би се продавал за 25-30 долари јас би го купил, но ако е 160-250 долари за Виндоуз и 180-250 долари за Офис е премногу за Македонија со своите плати. – Емил од Скопје

Сметам дека за да издвојам 15 евра за едно цеде од мојата просечна плата од 150 евра , од која треба и три деца да исхранам и образувам, е премногу, па затоа ќе се задоволам со копии само за да бидеме како семејство едуцирани со се она што е ново. – Елизабета Тевдоска, Скопје


(2771 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]