Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
Дискусии на ФУИ против контрола на содржини на интернет Испечати Е-пошта
23.11.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Првиот глобален Форум за управување со интернетот (ФУИ) се одржа во Атина од 30 октомври до 2 ноември 2006 година, а беше организиран од Обединетите нации. 

Форумот покажа силно и големо противење на блокирањето и филтрирањето на интернетот и вршеше притисок врз репресивните влади како што е кинеската. Три сесии од форумот беа посветени на регулирањето на содржините и контролата, а нив доминираа поборниците против цензура и приврзаниците за пристап до знаење кои ја критикуваа контролата на содржините на интернет.

Амнести интернешнал јавно поднесе петиција наречена Irrepressible Info. во којашто се вели: „Верувам дека интернетот треба да биде сила на политичката слобода, а не на репресија. луѓето имаат право да бараат и да добиваат информации и да ги изразуваат своите мирољубиви сфаќања онлајн без страв од мешање. ги повикувам владите да ја запрат негарантираната рестрикција на слободата на изразување на интернет - и ги повикувам компаниите да престанат да им помагаат во тоа.“

Повеќето од учесниците на сесиите беа против продолжување на филтрирање и блокирање содржини. Тие жестоко ги критикуваа претставниците на Советот на Европа кои се обидоа да го оправдаат регулирањето на „штетна содржина“. Некои учесници беа за меѓународна повелба за пристап до знаење, поддржувања од Јужна Африка, некои други влади и граѓански организации.

Јоичи Ито, претседателот на iCommons го нагласи фактот дека пристапот до интернет веќе во голема мерка е ограничен од мерките за идентификација и автентикација барани од ДРМ и дополни дека законите за авторски права се „сè полоши“. Тој предложи дека едно решение за проблемот може да биде преглед на законите за авторски права со цел тие да се прилагодат кон мултимедијалните содржини. Друго решение би биле Криејтив комонс и нивните алтернативни лиценци.

Меѓу другите важни теми на кои се дебатираше на сесиите беше и проблемот со несакани електронски пораки. Шест главни анти-спем организации формираа алијанса наречена Алијанса Стоп за спемот и објавија веб-сајт со информации и совети за спем-пораките.

Форум за управување со интернетот

Форум за управување со интернетот 2006 Грција

Запис на репортер: Форум за управување со интернетот (2.11.2006) 

Проблемот со гласините (2.11.2006) 

Напад врз државната цензура за време на Форумот за управување со интернетот (1.11.2006) 

Форум за управување со интернетот: повеќе слободни содржини за интернетот (2.11.2006) 

Алијанса Стоп за спемот


(5692 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]