Македонски
„Он.нет“ влегува во фиксната телефонија PDF Печати Е-пошта
24.11.2006
„Он.нет“ станува прв алтернативен оператор во фиксната телефонија откако Атила Сендреи, првиот човек на „Македонски телекомуникации“, и Предраг Чемерикиќ, генерален директор на „Он.нет“, потпишаа договор за интерконекција на 15 ноември 2006 година.

Во Телекомот информираа дека ова е првиот договор за интерконекција склучен меѓу МТ како доминантен оператор и „Он.нет“ како алтернативен оператор на фиксна телефонија. Договорот е подготвен врз основа на референтната понуда за интерконекција на „Македонски телекомуникации“.
 
„Потпишувањето на договорот за интерконекција покажува дека пазарот на телекомуникации во Македонија е либерализиран, а компанијата МТ е отворена за фер-конкуренција. Тоа е доказ и дека се почитуваат препораките на Европската Унија“, пишува во соопштението од Телекомот.
 
Оттаму ја поздравија конкуренцијата во фиксната телефонија и додадоа дека договорот за интерконекција им овозможува на алтернативните оператори да бидат конкуренти, особено во услугите во националниот и во меѓународниот сообраќај.             
 
Владимир Николоски

Извор: Време (16.11.2006)
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5