Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Компјутерите ги згрбавија децата
Компјутерите ги згрбавија децата Испечати Е-пошта
27.11.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Долгото седење пред компјутер, играњето плејстејшн, физичката неактивност, неадекватниот училиштен инвентар и тешките училишни чанти ги подгрбавија децата, предупредуваат стручњаците

Последните резултати од систематските прегледи во училиштата и на факултетите покажале дека кај повеќе од 96 проценти од младите од 7 до 26-годишна возраст има лошо телесно држење и деформитети на ‘рбетниот столб. Наспроти светскиот просек на деформитет на ‘рбетот кај младите од 4 до 5 отсто, во Македонија деформации на ‘рбетниот столб се регистрирани кај повеќе од 8 проценти од учениците и студентите. Во Скопје и во некои други урбани средини и до 11 проценти од младите имаат кифоза, односно искривување на телото.

Ваквите загрижувачки податоци ги изнесува примариус д-р Мими Каровска, специјалист по училишна медицина и претседател на Македонската асоцијација за училишна и универзитетска медицина.

Дека се зголемува бројот на случаите на искривување на ‘рбетниот столб кај младите тврди и д-р Павлина Темелковска, специјалист во Ортопедскиот завод „Славеј“ во Скопје.

Таа и нејзините колеги го констатирале ова при редовните посети на медицинските центри во државата. Искривувањата на ‘рбетниот столб се најчести во пубертетот или од 12 до 15-годишна возраст.

Станува збор за неправилен развој на цели генерации, кој може да се коригира и превенира со корективна гимнастика на часовите по физичко и здравствено воспитување и со вежбање дома ако аголот на искривување е од 6 до 12 степени.

- Ако тој агол е над 12 степени, децата мора да носат специјални пластични корсети - објаснува Темелковска.

Каровска вели дека кифозата е почеста кај машките деца на возраст од 12 до 14 години. Сколиозата или искривувањето кон десно или кон лево, пак, ја има повеќе кај девојчињата од 11 до 13 години.

Голем е бројот на училиштата во државата што немаат спортски сали, па кога временските услови се лоши, учениците дремат по ходници или седат во училниците.

- Учениците се жалат дека часовите по физичко честопати им се заменуваат со други предмети. Забележавме дека корективната гимнастика е позастапена во средните, а помалку во основните училишта - вели Каровска.

Наставникот по физичко образование во ОУ „Страшо Пинџур“ во Неготино Јован Ташев признава дека немаат услови за посебни вежби зашто училиштето нема спортска сала.

- Кога врне, во училницата учиме теорија или децата вежбаат некои елементарни игри од типот „ден и ноќ“ - вели Ташев.

И тој забележал дека кај учениците има искривување на ‘рбетот.

За да се надмине таквата состојба, стручњаците препорачуваат часовите по физичко редовно да се одржуваат. Од Асоцијацијата бараат овие часови од три пати неделно, да се зголемат на најмалку четири. Часовите да бидат рекреативни, а оценувањето да не биде со бројки за да не се демотивираат децата, зашто секој е со различни способности. Докторите по училишна и универзитетска медицина се залагаат за ангажирање посебен професор по физичко за учениците од прво до четврто одделение.

Светлана Дарудова

Извор: Дневник

(4512 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]