|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Мајк Зафировски задутре во Скопје
|
|
|
|
Мајк Зафировски задутре во Скопје |
|
|
|
29.11.2006. |
Мајк Зафировски в петок ќе дојде во земјава со делегација од канадската телекомуникациска компанија „Нортел“ , чијшто претседател е тој. Зафировски ќе се сретне со премиерот Никола Груевски, со кого ќе разговара за можностите за привлекување странски инвестиции во земјава.
- Засега нема најави за инвестирање на „Нортел“ во земјава, но се заинтересирани да отворат канцеларии во Белград и во Скопје. „Нортел“ работи на таканаречената вајмакс-фреквенција, која нуди многу посовршени комуникациски услуги како, на пример, мобилна телефонија, телевизија и интернет одеднаш. Скопје може да биде регионален центар на „Нортел“ на Балканот - велат во Сојузот на стопанските комори, кои учествуваат во организирањето на посетата.
Во Комората подготвуваат и проект наречен „Македонија 2025“, во кој се вклучени светски бизнисмени со македонско потекло како што се Зафировски и Џон Битов помладиот, кој во Канада има повеќе компании. Тие ќе работат како амбасадори на земјава за привлекувањето инвеститори и за промоција на нашите бизнис-потенцијали.
И.П.
Извор: Дневник
(4146 hits/посети) |
|