| НВО Интернет Македонија: „Агенцијата за електронски комуникации“ го минира развојот на интернетот |
|
|
|
| 06.12.2006 |
|
„Агенцијата за електронски комуникации“ се потврди како најголем кочничар за развојот на подобри и поевтини интернет-услуги – се вели во соопштението за медиуми издадено од Здружението за подобар интернет „Интернет Македонија“. „Агенцијата за електронски комуникации“ се потврди како најголем кочничар за развојот на подобри и поевтини интернет-услуги – се вели во соопштението за медиуми издадено од Здружението за подобар интернет „Интернет Македонија“. Тој додаде дека АЕК не успеа да ги донесе подзаконските акти со коишто требаше да се зголеми конкуренцијата на пазарот. - Дури и оние акти што се донесоа, јасно ги фаворизираат „Македонски телекомуникации“, наспроти интересите на граѓаните и другите оператори – рече Николов. Агенцијата не ја почитува ниту законската обврска да објавува податоци за квалитетот и цените на услугите за да им олесни на граѓаните да направат информиран избор. Се толерира заведувачко рекламирање со кое операторите ги намамуваат граѓаните, а и новите АДСЛ договори со одобрение на АЕК се склучуваат под незаконски услови, неповолни за корисниците. Извор: НВО Инфоцентар (1.12.2006) |