Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow НВО Интернет Македонија: „Агенцијата за електронски комуникации“ го минира развојот на интернетот
НВО Интернет Македонија: „Агенцијата за електронски комуникации“ го минира развојот на интернетот Испечати Е-пошта
6.12.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

„Агенцијата за електронски комуникации“ се потврди како најголем кочничар за развојот на подобри и поевтини интернет-услуги – се вели во соопштението за медиуми издадено од Здружението за подобар интернет „Интернет Македонија“.

- Корисниците на интернет плаќаат убедливо највисоки цени во Југоисточна Eвропа, постојано се жалат на неквалитетни услуги, а интернетот останува луксуз за мнозинството граѓани на Македонија – изјави Александар Николов, претседателот на „Интернет Македонија“ на прес-конференцијата одржана на 1 декември 2006 година.

Тој додаде дека АЕК не успеа да ги донесе подзаконските акти со коишто требаше да се зголеми конкуренцијата на пазарот.

- Дури и оние акти што се донесоа, јасно ги фаворизираат „Македонски телекомуникации“, наспроти интересите на граѓаните и другите оператори – рече Николов.

 Агенцијата не ја почитува ниту законската обврска да објавува податоци за квалитетот и цените на услугите за да им олесни на граѓаните да направат информиран избор. Се толерира заведувачко рекламирање со кое операторите ги намамуваат граѓаните, а и новите АДСЛ договори со одоб­ре­ние на АЕК се склучуваат под незаконски услови, неповолни за корисниците.

За ваквите состојби, Интернет Македонија ќе вложи претставка до Народниот правобранител, а ќе ги извести и претставништвата на САД и Европската комисија кои беа активно вклучени во подготовка на реформата на телекомуникацискиот сектор.

Николов изјави дека независноста на АЕК не смее да се претвори во несносење одговорност за резултатите од работењето. За таа цел Интернет Македонија ќе предложи на Собранието и Владата воведување на квартални извештаи за работењето на Агенцијата, како и воведување на параметри за квалитет на интернет услугите кои задолжително ќе се објавуваат и внесуваат во претплатничките договори.

Конечно, Интернет Македонија ја посоветува новата влада наместо да вложи во нови канцеларии или мебел, да оддели средства за докупување нови широкопојасни капацитети, затоа што е очигледно дека постојните капацитете веќе се загушени.

 Извор: НВО Инфоцентар (1.12.2006)


(4156 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]